Овие намирници се најважни во борбата против целулитот!

Не знаете како да се ослободите од целулитот? Дали се обидовте со сите методи, а ја променивте и исхраната?

Секоја втора девојка размислува како да се ослободи од целулитот на нозете. Правите сѐ што можете… меѓутоа целулитот е сложен проблем, а исхраната е еднакво важна како и секој друг аспект. Пронајдовме храна која сигурно ќе ви помогне да се ослободите од целулитот.

Бобинки

Темните бобинки како што се боровницата и капините допринесуваат за зголемување на произведувањето на колаген на кожата. Исто така, имаат антиоксиданси кои го намалуваат воспалението и го прават целулитот помалку видлив.

Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи магнезиум и железо, а тоа ја подобрува циркулацијата во крвта, што значи дека има добар ефект на состојбата на кожата и помага да се ослободите од целулитот.

Авокадо

Авокадото има многу влакна и здрави масти. Покрај тоа, помага при нормализација на нивото на глукоза и отстранувањето на отровите од организмот кои формираат целулит во нашето тело.

Грејпфрут

Во борбата против целулитот ќе ви помогнат и производи кои содржат антиинфламаторни компоненти. Грејпфрутот ги содржи во избилство. Еден грејпфрут за вечера и наскоро ќе ги забележите промените.




Коментари

коментари