Овие намирници се пријатели на срцето и крвните садови

Одбрана исхрана и внесувањето на одредени намирници можат позитивно да влијаат врз регулацијата на хипертензијата.

Неправилната исхрана, физичката неактивност, прекумерната употреба на алкохол и излоеноста на секојдневен стрес, во голема мера допринесуваат за зголемување на крвниот притисок. Светските истражувања покажуваат дека повеќе од 15% од популацијата пати од хипертензија.

Ова оболување може успешно да се лечи, под услов да се почитуваат здравствените правила и пропишаната терапија. Секогаш добредојдена и важна мерка е правилната исхрана, односно внесување на намирници кои ви одговараат и можат позитивно да влијаат врз регулацијата на крвниот притисок.

Кромид

Во свежа состојба или во облик на сок, овој здрав зеленчук го зајакнува срцето и го намалува притисокот. Подготовка: Смелете ја излупената главица кромид со излупен лимон. Додадете малку шеќер и ставете ја смесата во тегла. Секое утро јадете по една лажичка од оваа каша.

Риба и морски плодови

За личностите кои е склони кон срцеви заболувања, морската храна е извор на здравје и енергија. Она што ги прави рибата и рибиното масло посебно лековити се незаситените масни киселини, омега 3. За заболените од висок притисок и коронарни болести се препорачува скуша, лосос, сардина, пастрмка, туна барем три пати неделно.

Маслинка

Чаевите од маслинка имаат својство да ги шират крвните садови. Маслиновото масло го намалува нивото на таканаречениот лош холестерол, кој предизвикува артериосклероза. Подготовка: Ситно исечкајте 30 грама суви листови од маслинки, прелијте ги со половина литар ладна вода и дрежете ги потопени осум часа. Потоа сварете ги додека не почнат да вријат. Откако ќе ги сварите, поклопете ги и оставете ги така 20 минути. Пијте две до три шолји помеѓу оброците.

Целер

Од сите лековити својства на целерот, диуретичкото својство е најпознато. Оваа особина е особено изразена ако се пие како свеж цеден сок. Не се препорачува за лица заболени од бубрези. Сокот од коренот и листот на целерот треба да се пие свеж, не повеќе од три чаши дневно.

Круша

Приуството на калиум крушата ја прави одличен диуретик. Покрај свежи, консумирајте и сушени плодови.
Подготовка: 40 до 50 грама суви круши, варете ги околу еден час во литро вода. Исцедете ги и пијте најмалку една или две чаши дневно.

Јаболко и јаболков оцет

Поради пектинот кој го содржи, кој има особено значајно влијание на намалувањето на холестеролот во крвта, се користи во превенција против артериосклероза и нејзината последица артериска хипертензија. Количината е неограничена, минимум две јаболки дневно. На заболените им се препорачува да консумираат најмалку една супена лажица јаболков оцет, растворен во половина чаша вода, а може да се додаде и мед со иста количина. За оние со чуствителен желудник, подобро наместо тоа да пијат две до четири чаши сок од јаболко дневно.

Пиперка

Цитринот, една од важните состојки на пиперката, ја подобрува циркулацијата во крвта и еластичноста на капиларите. Во сезоната овој зеленчук треба да се најде што почесто на домашното мени особено кај оболените од артериосклероза и висок притисок.

 




Коментари

коментари