Овие намирници треба секој ден да бидат дел од вашето мени, ако сакате да ослабете

Ако сакате успешно да ги изгубите вишокот килограми, тогаш секојдневно треба да консумирате храна која ќе го олесни процесот. За да бидете успешни и здрави, треба вашите оброци да се состојат од овие 3 типови на храна:


1. Зеленчук

Потрудете се зеленчукот да биде поголем дел од вашиот ручек. На овој начин, во телото внесувате витамини, минерали и други хранливи материи, кои се борат против разни болести. Зеленчукот како брокула, спанаќ, грашок, пченка, кој во својот состав има поголем процент на растителни влакна, дополнително ќе ви помогне да изгубите тежина.

2. Немасни протеини

Пилешко, мисиркино, говедско, јајца и риба спаѓаат во група на храна со малку маснотии, која ќе ве засити и ќе немате потреба од нездрави масти и јаглехидрати.

3. Житарки

Не мора целосно да се откажувате од лебот, туку да го замените белиот леб со интегрален. Вклучете ги сите видови житни култури во вашата исхрана, како што се овес, просо, киноа…




Коментари

[fbcomments]