Овие нешта ги разбира само сестрата…

Таа е една и единствена. Не можете да ја замените. Покрај вас е во добро и во зло. Постојат ситуации кога ве доведува до лудило, но потоа таа повторно ви е омилената личност.
Еве зошто вашата сестра е и ваша најдобра пријателка.

-Делите многу интересни шеги и скоро никој не можеш да ве насмее толку добро колку таа.
-Секогаш ги дава најдобрите комплименти.
-Дури и кога ќе направите нешто со кое не се сложува, со теко на време ќе ви прости.
-Сте пораснале слушајќи иста музика, а често заедно и сте пееле.
-Никогаш не земате за срце ако ве навреди затоа што таа е ваша сестра и сигурно не го мислела тоа.
-многу често таа знае што ќе кажете па се чини дека ве „чита како отворена книга“.
-Таа ќе „лајкува“ се што ќе објавите на социјалните мрежи, но и ќе ви даде до знаење кога нешто не е за во јавност.
-Ќе биде покрај вас во сите ситуации.
-Ќе го ислуша секој детал поврзан за вашиот проблем. Без предрасуди. Затоа што навистина се грижи за вас.
-Секогаш ќе ве поддржува. Ќе ве брани до крај, дури и кога не сте во право.
-Можете да и се обратите во ситуации кога „немате“ што да носите. Ќе ви го позајми она што најдобро ви стои.
-Секогаш ќе ве опсипува со внимание и љубов.
-Таа нема да ве осудува.
-Секогаш ќе знае кога не и ја кажувате вистината, ништо не можете да сокриете од неа.
-Вистински е среќна поради сите прекрасни нешта кои ви се случуваат и е вистински тажна кога ви се случуваат тажни нешта.
-Се шегувате за тоа какви ќе бидете „во старите денови“.
-Таа е критична но никогаш во јавност. Секогаш ќе ви каже во лице што мисли, но не пред другите.
-Таа ги знае вашите најголеми тајни, и не ги дели со никого.
-Ви помага во сите ситуации. Спремна е поради вас да оди и до крајот на светот.
-Секогаш е покрај вас кога ви е најтешко. Ви помага да ги пребродите најголемите животни таги.




Коментари

[fbcomments]