Категории

Овие нешта никогаш не ги подарувајте за празниците: Лавот не сака евтини подароци, Вагата не сака изненадувања!

Доколку размислувате што да им подарите на најблиските за празниците, можеби не е лошо најпрво да размислите што никогаш не би им подариле. За тоа ви помага астрологијата, која тврди дека одредени хороскопски знаци воопшто нема да бидат воодушевени со одредени подароци!

 

Овен

Претставниците на овој знак не се снаоѓаат во кујната и немаат трпение и креативност кои се потребни при готвењето, па не им подарувајте ситници или апарати посветени на готвењето, освен ако ви напоменале дека тоа им е потребно.

Бик

Подароци од рачна изработка не им подарувајте на Биковите, освен ако сте професионален уметник или подарокот е изработен апсолутно совршено. Биковите имаат истенчен вкус и сакаат скапи, квалитетни подароци.

Близнаци

На Близнаците не им подарувајте ништо што бара долготрајна грижа, како билки, дневник, сложени сложувалки. Сето тоа ќе заврши во канта многу бргу, бидејќи немаат нерви за тоа.

Рак

За Раковите е многу важно со подарокот да им покажете дека добро ги познавате, па подарок во вид на картичка или пари не е добар избор. Од друга страна, Раковите чувствуваат обврска да возвратат со иста мера, па со овој подарок може да ги ставите во незгодна ситуација.

Лав

Евтините подароци не доаѓаат в предвид и може да го разбеснат Лавот. Дури и ако купите нешто скапо, а веќе не е во мода, само пристојноста и челичните нерви ќе го спречат Лавот да ве погоди со него. За да го задоволите Лавот треба да бидете многу креативни.

Девица

Ова се личности кои внимателно планираат сѐ во животот, па не е пријатно да им подарите нешто кое го сметаат за непожелно и не знаат како да го сместат во својот живот. Никако не им подарувајте нешто што зазема простор, што произведува звуци или бара грижа и внимание – тоа е можеби и најлошо.

Вага

Родените во знакот на Вага не сакаат изненадувања, па подобро прашајте ги однапред што им треба.

Шкорпија

Без шеги, гегови и сентименталности кога станува збор за подароците за Шкорпија, ако планирате да останете во добри односи. Тие не толерираат нешто што евентуално би можело да ја разниша нивната слика или мислењето на околината.

Стрелец

На овој огнен знак не треба да му подарувате ништо што од нив ќе бара да останат на едно место, како книга, колекција сложувалки, сетови за плетење и слично.

Јарец

Овие луѓе не сакаат евтини работи, како ни било што кое не е практично за секојдневна употреба. Никогаш не се обидувајте да го воодушевите Јарецот со нешто сосема неочекувано – воопшто нема да се израдува.

Водолија

Со нив е можеби најтешко – не им треба ништо, сѐ им треба. Ризично е да им подарите слатки, или пак здрава храна, бидејќи честопати се предомислуваат околу својата исхрана. Воопшто не ги интересира ништо поврзано со поп култура или модерна уметност.

Риби

Сконцентрирајте се добро и вратете го филмод наназад – Рибите сигурно веќе сто пати ви кажале што сакаат да им подарите. Ако не сте слушале внимателно, ќе имате проблем. Тие се многу чувствителни на лоши подароци. Сепак, со нешто скапо и убаво сигурно нема да погрешите.

Прегледи:
575
Објавено на:
07.12.2021