Категории

Овие парови се најсреќни!

Мажите и жените кои што се во брак почесто се здебелуваат од оние кои не се во брак, барем така тврдат научниците. Истражување спроведено на Универзитетот Централ Квинсленд покажало дека среќните парови добиваат некој килограм плус во текот на првата година од бракот или заеднички живот.

Среќните парови се хранат поздраво, но се здебелуваат повеќе од оние во несреќните врски. За да се дојде до овој заклучок истражувањето било спроведено на повеќе од 15 илјади возрасни личности. Учесниците во истражувањето одговарале на прашања поврзани со своите врски и бракови, како и во врска со прехрамбените навики и својата тежина. Среќните парови поретко се пушачи, помалку консумираат нездрава храна и поретко пијат алкохол во однос на оние кои не се во врска.

Во што е тајната на дебелеењето на среќните парови?

Се чини дека не станува збор за изборот на намирници туку во количината. Имено, среќните парови јадат поголеми порции, додека личностите кои живеат сами јадат помалку. Паровите се поопуштени и помалку се грижат дали ќе се здебелат бидејќи „не мора да внимаваат на својата линија“ за да привлечат некого. Тоа веќе го направиле.

Прегледи:
497
Објавено на:
06.12.2018