Категории

Овие работи не треба да ги прават луѓето во 30-тите години од животот

Однесувањето во дваесеттите и триесеттите многу се разликува, додека луѓето во дваесеттите го откриваат светот, уживаат во слободата и различните искуства, во триесеттите треба да ги избегнете следните грешки: 

Се обидувате да ги исполните социјалните норми

Ќе чувствувате притисок од околината во врска со она што треба да го направите според нив, а сеуште не сте го направиле – да сте во брак, да имате свој стан, деца и стабилна работа. Но, не дозволувајте тоа да влијае врз вас и вашите одлуки, туку живејте онака како што вам ви одговара. Не сме сите исти и вистинското време за одредени работи во животот е индивидуално.

Поминувате премалку време со родителите

Една од најчестите причини за жалење кои ја чувствуваат луѓето по 30-тите години е тоа што не поминувале доволно време со родителите, додека се тие сеуште во добра здравствена состојба. Сега сакаат да проживеале повеќе ситни уживања со родителите, како шетање, патување или едноставно разговор со нив.

Сметате дека сте престари за нешто

Многу луѓе во триесеттите самите си сугерираат дека се престари за некои работи, а тоа е само кочница која го спречува човекот да биде слободен и да живее како што сака. Освен тоа, што би рекле луѓето во педесеттите на тоа? И запомнете, доколку се чувствувате старо, така ќе изгледате, затоа не дозволувајте детето во вас да исчезне.

Недоволно се грижите за сопственото тело

Луѓето во 30-тите некогаш живеат во парадокс – од една страна веруваат дека се престари, а од друга страна не сакаат да се одречат од брзата храна и не вежбаат. Наместо да си го саботирате размислувањето за годините, одвојте време за усвојување на здрави навики и автоматски помалку ќе размислувате за бесмислени работи.

Не ризикувате доволно

Во овој период од животот, човекот може да стане премногу внимателен и да не се обиде да направи нешто поразлично, бидејќи се плаши од промени. Некои луѓе претпочитаат избирање на добро познатото секојдневие, иако не се чувствуваат добро, наместо да ризикуваат и да се обидат со нешто ново во животот што може да им донесе чувство на среќа и задоволство. Премногу страв и внимателност се кочницата која не дозволува напредок во животот.

Премалку сте патувале, иако сте го посакувале тоа

Се чини дека светот е на дофат, само треба да се одлучите и да отпатувате. Наместо да седите дома и жалите зошто не сте проживеале ништо, преземете се за да го остварите тоа. На пример, еднаш годишно дзволете си далечно патување и отплаќајте го на рати. Ќе имате помалку пари, но спомените остануваат за цел живот.

Прегледи:
276
Објавено на:
06.02.2018