Категории

Овие статуи секоја вечер точно во 19 часот се приближуваат, се прегрнуваат, па се раздвојуваат, а позади ова стои тажна приказна! (ФОТО)

Подвижната скулптура наречена „Али и Нино“ се наоѓа во местото Батуми во Грузија. Секоја вечер точно во 19 часот фигурите почнуваат да се движат една кон друга, накратко се спојуваат, но бргу се раздвојуваат.

Статуите се дело на уметницата Тамара Квеситаџе. Освен што оваа преубава скулптура менува бои, таа се движи, а позади себе крие неверојатна приказна на двајца заљубени. Она што ја прави оваа статуа посебна е тоа што мажот и жената се движат еден кон друг, се бакнуваат, а потоа поминуваат еден покрај друг и одат на спротивни страни.

Целиот процес на движење трае околу 10 минути, а статуите се поставени во 2010. година. Базирани се врз романот кој прв пат е објавен во 1937. година. Во него се говори за големата љубов на муслиманско момче и грузиска принцеза. Нивната љубов победила бројни битки и разлики, но на крај ги раздвојува војната.