Овие три бои на лакови за нокти ги подмладуваат рацете

За да се сокрие стареењето на кожата обично се користат различни креми за раце, но знаевте ли дека голема улога имаат и лаковите за ноктите, а тајната лежи во боите. Постојат три бои кои имаат “anti-age“ефект, црвена, портокалова и розова.

Црвена боја
Треба да се биде внимателен со црвената боја на лакот. Избегнувајте ги оние со плави под-тонови на бои, бидејќи ги нагласуваат вените на рацете. Бирајте ги лаковите врз база на портокалова боја.

Портокалова боја
Истото важи и за сите нијанси на портокалова боја. Со оваа боја не можете да згрешите, бидејќи се вклопува совршено со тенот на кожата.

Розова боја
Розова боја е, исто така, бојата на младоста. Изберете топли нијанси на оваа боја, бидејќи ќе постигнете несакан ефект со ладните нијанси на оваа боја.
Ако сакате да го избегнете контра-ефектот, заборавете на сива и жолта боја, како и многу темни бои (темноцрвена, темно сина или виолетова).




Коментари

коментари