Овие три хороскопски знаци не можат без секс!

Секој знак има некои свои интересни карактеристики кои го прават привлечен, а и различните астролошки аспекти можат да влијаат на тоа дали е некој добар во сексот без оглед на знакот.

Но, ако мораме да издвоиме три знаци, тогаш тоа секако би биле – Скорпијата, Ракот и Близнаците. Тие се незаборавни љубовници, кралеви и кралици на сексот.

Скорпија

Скорпиите секако предничат кога станува збор за сексот и страста. Нивните сексуални нагони се неоспорни и секој кој ќе се впушти во авантура со нив сигурно ќе стекне таков впечаток. Скорпиите просто зрачат со привлечност и лесно ги привлекуваат другите, но често се случува да го воведат љубовникот во своите игри во кои тие ги одредуваат правилата. Не се склони на отворена доминација, туку на суптилен начин ја наметнуваат својата игра.

Скорпиите се способни за големи трансформации на својата природа, можат да отидат во крајности, па поради тоа се способни и да ги задоволат сите замисливи и незамисливи барања и сексуални афинитети на партнерот, па така сексот со нив ќе биде незаборавен.

Предупредување: Скорпиите се многу чувствителни, па морате да внимавате да не ги повредите, бидејќи ако го направите тоа – готови сте. Скорпиите се големи злопамтила и одлични актери. Ќе се прават дека ништо не се случило, стрпливо ќе го чекаат моментот и ќе ви се одмаздат на најлош можен начин, па така не е паметно да се замерувате со нив.

Рак

Ракот е уште еден претставник на незаборавен љубовник. Емоциите и страста кај нив се тесно поврзани, па во сексот внесуваат огромна енергија и му придаваат големо значење. Без секс се чувствуваат празно, па меѓу Раковите се наоѓаат и многу зависници од секс.

Бидејќи вложуваат многу во сексуалните односи, склони се на сексуални маратони, што е незаборавно искуство за секој кој споделил жешка вечер со Ракот.

Близнаци

Бидејќи спаѓаат во воздушните знаци, за разлика од претходните два, такви им се и емоциите, воздушести и ветровити. Но, токму поради тоа, склони се кон експериментирањето во сексот, па можат да се наречат кралеви на фетишите.

Сакаат да флертуваат, дури и кога се во сериозна врска, и склони се на неверства, па од еден Близнак не можете да очекувате верност, но затоа секако можете да очекувате незаборавен секс.

Близнаците лесно ќе ви го претстават својот свет на перверзии, мешу кои им се омилените – врзување, снимање со камера или присуство на трета личност, а неретко се препуштаат и во групен секс.


тагови


Коментари

коментари