Овие зборови никогаш не ги изговарајте пред партнерот

Во расправии со партнерот за жал се изговараат многу реченици кои воопшто не ги мислите, но и она што ве мачи веќе некое време.

Некои коментари изговорени во афект бргу ќе бидат заборавени, но некои можат да нанесат штета која ни извинувањето не може да ја поправи. Затоа е важно дури и во најголемиот налет на бес да се зачува присебноста и внимателно да се избираат зборови. Овие речиници особено треба да ги избегнувате.

Не ти верувам

Овие зборови најчесто ги изговараат жени кои се сомничави, а можат многу да го заболат мажот кој е искрен. Многу жени знаат како е да се биде параноичен поради сомнеж кој на крајот излегува само производ на фантазијата. Да оттргнете од себе добар маж поради тоа е тотално бесмислено.

Сите мажи се исти

Да разјасниме едно: Не се сите мажи исти. Само затоа што некој ви го скршил срцето, не значи дека негде не постои маж кој никогаш нема да ви го направи тоа. Доколку му го кажете тоа на својот партнер сред расправија, може да престане да ве почитува и може да останете сами поради реченица во која веројатно ни сами не верувате, туку ја кажувате во афект.

Не си добар во кревет

Без разлика дали е тоа вистина или не, изговарањето на таква деликатна реченица на толку груб начин може неповратно да го влоши вашиот однос. Мажот на кој ќе му го скршите егото тешко може да се опорави. Ако не сте задоволни обидете се тоа да го решите со разговор и договор.

Мојот поранешен тоа никогаш не би го направил

Споредувањето на сегашниот дечко со поранешниот води кон прекинување на врската. Пред да ја изговорите оваа злонамерна примедба, сетете се дека со поранешниот сте прекинале поради добра причина, па не може да биде толку совршен колку што се обидувате да го прикажете. Прифатете го својот нов дечко онаков каков што е, а не каков што можел да биде.

Твојата мајка мора да се меша во се

Не е само мит дека мајките сакаат да се мешаат во животот на својот син и неговата избраничка. Во некои случаи, за среќа, тоа со текот на времето се менува, но некои жени ја немаат таа среќа. Многу мажи се силно поврзани со својата мајка па ако му кажете дека неговата мајка е здодевна, постои опасност тие зборови да му се врежат во сеќавањето и никогаш да не може да ви прости. Затоа, бидете суптилни и внимателни вов изборот на зборови.




Коментари

коментари