Овој 91-годишен човек потрошил 56 години од својот живот градејќи своја катедрала! (ФОТО)

Поранешниот свештеник Justo Gallego Martinez конструира своја катедрала Мехорада дел Кампо, Шпанија уште од далечната 1961. Тој немал претходно знаење во областа на архитектурата, но сепак неговиот проект со висина од 40 метри е одличен доказ дека вербата може да победи сѐ.

Откако работел како фармер, религиозниот Мартинез им се приклучил на тамошните свештени лица, но по 8 години бил приморан да ги напушти поради туберколоза. Во текот на неговата болест, Мартинез ветил дека ќе изгради катедрала на Дева Марија – на која што и се молел – доколку ја преживее болеста.

Стоејќи си на зборот, Мартинез го започнал својот проект кога оздравел. Продолжил да работи на него и наредните 50 години не обрнувајќи внимание на скептиците. Тој најмногу користи рециклирани материјали и донации од локалните градежни компании. Шпанскиот монах изградил серија огромни куполи, многу сложени скали, тој, исто така, поставиl витражи, а на тој начин катедралата станала комплексна структура, покривајќи 24.000 квадратни метри.

Тој никогаш не добил дозвола за градба на катедрала, а исто така никогаш немал ни нацртан проект за градење. Но, оваа катедрала стана туристичка атракција, а за неа тој вели: „И да се родам пак, повторно би ја изградил оваа катедрала, само поголема“.




Коментари

коментари