Категории

Овој актер е избран за најсекси маж за 2021 година

Секоја година американскиот магазин Пипл традиционално избира најсекси маж на светот, а овогодинешниот избор за многумина беше пријатно изненадување, а многумина останаа шокирани.

Ласкавата титула ја доби актерот Пол Рад, ѕвездата од Марвеловата франшиза „Ant-Man“ и апсолутниот миленик на социјалните мрежи.

„Доволно сум свесен да знам дека луѓето се зачудени што токму јас сум избран за ова. Не е ова лажна скромност. Има толку многу луѓе кои требаа да ја добијат оваа титула пред мене“, изјавил 52-годишниот Пол во интервјуто за Пипл.

Обожавателите честопати го нарекуваат вампир со оглед на тоа дека не е многу променет физички од 1995. година со улогата во култната комедија „Clueless“ која го прослави.

Признал дека воопшто не се чувствува како секси маж и дека неговата сопруга, телевизиската продуцентка Џули Џегер, била шокирана кога слушнала за оваа негова титула.

„Најпрво остана без текст, но по малку смеење и шок само рече: Добро избрале. Тоа беше убаво од неа. Веројатно не го мислеше, но што друго да каже“, се пошегувал Пол, кој е во брак со Џули веќе 18 години.