Овој човек патува низ светот и ги поправа пукнатините на старите градби со лего коцки

Доколку сте од оние луѓе кои ги сакаат боите и не сакаат градови опкружени со сивило, тогаш сигурно ќе ви се допадне работата на Јан Ворман.

Уште од 2007. година, овој Германец патува низ светот и ги разубавува улиците со тули создадени од Лего! Ворман има посетено речиси 40 градови во Европа, Централна Америка, Азија и САД.

Со својата креативна идеја, Јан успева да остави убава, шарена „лузна“ онаму каде што претходно имало дупка или пукнатина. Овој уметник досега има „поправено“ 150 градови.

„Отсекогаш сум настојувал да го подобрам изгледот на јавниот простор на различни начини, било да е тоа со графити, колаж… Колку што можам да се сетам, никогаш не сум го ценел сивилото на градовите и отсекогаш сум сакал повторно да им дадам боја“, вели Јан.




Коментари

[fbcomments]