Категории

Овој детал ги издава жените кои изневеруваат

Експертите велат дека конечно знаат кој е клучниот елемент што открива дека жената изневерува.

Иако постои заедничко мислење дека мажите изневеруваат „затоа што можат“, а жените кога се запоставени и не се сакани, ова генерализирање, како и секое друго, не е секогаш точно. Жените, како и мажите изневеруваат од различни причини, а она што ги обединува двата пола е тоа што сакаат да знаат дали биле измамени. И, научниците сега тврдат дека имаат начин да им помогнат на мажите да го сфатат ова прашање.

Студија од 2013 година наречена „Женскиот оргазам како сигнал: Тест на две хипотези“ беше спроведена на 138 жени и 121 мажи кои се во хетеросексуална врска. Испитаниците одговориле на низа прашања во врска со нивниот сексуален живот. Мажите одговорија на прашањето колку често нивната партнерка доживува оргазам, а жените колку се чести нивните оргазми, но и колку се интензивни.
Кога одговорите се совпаѓале со останатите прашања во врска со нивната можна прељуба, научниците исто така заклучиле дека колку почесто жената во афера глуми оргазам, толку е поголема веројатноста да го изневери својот партнер.

Прегледи:
537
Објавено на:
27.01.2021