Овој хороскопски знак е скаран со разумот

Ова е знакот во којшто се родени најголем број уметници, поети, сликари и креативци кои не се вклопуваат баш најдобро во општествените рамки.  Станува збор за чувствителните Риби.

Кога се соочуваат со стресни ситуации, Рибите најчесто се повлекуваат во нивниот свет. Рибите работат само онолку колку што се бара од нив, а ако не мораат, нема да преземат многу обврски. На Рибите секогаш им недостасува сон, па затоа, најважно им е да се наспијат, а останатото ќе си дојде само по себе.

Рибите се тимски играчи. Многу се лојални доколку се испочитуваат нивните барања за флексибилно работно време. Иако понекогаш доцнат на работа и си заминуваат порано, сепак, тие се посветени соработници и одлични советници. Овој знак не може да функционира со постојано работно време од 9 до 17 часот.

Оваа година, Рибите ќе мрднат од  мртва точка и да ги реализираат нивните планови и желби. Што се однесува до љубовта, оваа година Рибите ќе добијат шанса да обноват некои стари односи или пак целосно да расчистат со луѓето од минатото. Со други зборови, Рибите ќе можат слободно да дишат, работат и љубат.

 




Коментари

коментари