Овој италијански шеф создава десерти какви што не сте виделе досега

Италијанскиот шеф Matteo Stucchi ќе ви покаже дека играњето со храна е навистина добро.

Живее и работи во Монза, Италија, каде 23 годишниот создава уметност во кујната. Од класичните десерти, создава уште поголемо задоволство користејќи ја својата имагинација, креативност, но и очигледен голем талент.

„Кај десертите, вкусот зависи и од декорацијата.“ вели тој, а ние не се сомневаме во нивниот вкус, но тоа што го прави да отскокне од останатите се неговите сцени. Градилиште каде се прави тирамису или свештеникот кој венчава две јаготки покриени со чоколадо. Сите овие сцени ги воодушевуваат неговите следачи, а можете да го следите на @idolcidigulliver за уште повеќе задоволства.

 

 




Коментари

[fbcomments]