Категории

Морски народ може да го задржи здивот под вода 13 минути

(ВИДЕО) Овој народ има генетски промени кои им овозможуваат да живеат и ловат во морето, благодарение на што се рекордери во нуркање и задржување на здивот под вода а тие се жив доказ како луѓето можат да се прилагодад на својата околина.

Бајау или Сама-Бајау народите припаѓаат на група народи кои потекнуваат од југот на Филипините. Нивните риболовни чамци патуваат ширум Малезија, Филипините и Индонезија. Во текот на годините, практикувањето на таквиот животен стил делувало на еволуцијата на една цела етничка група.

Бајау народот од Филипините наводно е во состојба активност да се движи под вода, држејќи го здивот полни 13 минути.
Не е во прашање само увежбаност и тренинг низ кој поминуваат, Бајау генерациите живеат толку долго на море што развиле посебна адаптација на океанскиот живот. Поминуваат и по пет часа под вода дневно и таму се снаоѓаат подеднакво исто како и на копното.

Единствената опрема која ја користат се рачно направени наочари и посебни самострели за ловење риба.

 

Прегледи:
190
Објавено на:
13.11.2020