Овој петок, повелете на „Вино на штикли“ во Форца

Овој петок, на 30 јуни (петок) од 19 часот, како дел од негувањето и ширењето на винската култура во земјава винскиот бар и ресторан „Форца“ во соработка со иницијативен одбор составен од дами, организира вински настан „ВИНО НА ШТИКЛИ“,под мотото „ГОЛТНИ. ИСТРАЖИ. УЖИВАЈ.“

На настанот посетителите ќе имаат можност да си допуштите единствено патување низ мирисите и вкусовите на исклучително смели и провокативни над 100 етикети на бело, розе и црвено вино од 15 домашни винарии. Ќе биде поставен и специјален гастрономски дел, а за пријатна и опуштена атмосфера ќе придонесе и добро осмислената музичка програма.

Влезници за настанот ќе може да се купат на денот на случувањето, за што повеќе може да се информирате на нивниот фејсбук настан. Учесници на овој мини вински салон се следниве винарии: ТИКВЕШ, БОВИН, СТОБИ, СКОВИН, КАМНИК, ЛАЗАР, БРЗАНОВ, ДАЛВИНА, СОПОТ, ФАНТИНЕЛ, ПОПОВ, ИМАКО, КАРТАЛ, ЛОЗАР И ВИН АРТ.

Покрај одличната уникатна програма настанот ќе има и хуманитарен карактер. Целта е да се поттикне хуманоста и несебичната поддршка за децата и младите со посебни потреби. Ќе биде организирана хуманитарна аукција на премиум вина од сите винарии учесници на настанот. Собраните средства од аукцијата ќе бидат донирани на „Центарот за специјална едукација и рехабилитација на деца со пречки во развојот и аутизам“.




Коментари

[fbcomments]