Овој викенд подароци и детска престава за посетителите во Зоолошка градина Скопје

По поводот почетокот на новата училишна година, Зоолошка градина Скопје подготви многу изненадувања за најмалите посетители.

Во сабота од 12:00-14:00 секое детенце ќе добие по еден подарок од најпознатиот бренд на лижавчиња, а маскотата кенгур ќе дели и мали слатки задоволства.

„Orange kids club” подготвува „Back to school” забава каде ќе ги анимира најмладите посетители со бесплатен курс по танц, караоке, кловн и принцези, ваучери со попусти и уште многу интересни содржини.

Во недела, со почеток во 12:00 ќе се одигра детската престава „Принцот жаба“ во изведба на театарот „Крик“. Влезот за преставата е бесплатен и ќе може да ја погледнат сите посетители во Зоолошката.

Инаку, ова лето Зоолошка градина Скопје бележи рекорди во посетеност. Неделно има и по 11 000 посетители, што е дупло повеќе во однос на минатото лето со што Зоолошката е најпосетената установа во Македонија.




Коментари

коментари