Овој викенд започнува зимската сезона на Club Avenue. Бидете дел од спектакуларното отворање!

Летната сезона беше исполнета со најпознатите музички имиња како кај нас, така и од регионот, а зимската сезона во Club Avenue продолжува со исто темпо и многу изненадувања. 

На добропознатата локација, во Дом на градежници, овој викенд се отвора омилениот клуб на сите љубители на забавата и квалитетната музика, клубот Avenue. Како и секогаш, така и овој викенд, во петок на 19. октомври, подгответе се за одлична музичка програма за која ќе се погрижат Иван Јованов – Либеро, Панки, Жаре Бербер и Бенд 18+, Драган Темелков Џони и Боби Павловски!

Но, викенд агендата не запира тука. Во сабота, 20. октомври во Club Avenue доаѓа легендата на српската фолк музика, Џеј Рамадановски. Изведувачот на големите хитови како што се „Имати па немати“, „Сунце љубави“, „Недеља“ и многу други, долги години е причина за најдобрите забави и неверојатна атмосфера каде и да настапува, а оваа сабота ќе се погрижи Скопје да доживее вистински музички спектакл. Освен Џеј, Либеро Бенд ќе ја надополнат забавата со својот широк репертоар и одлични изведби.

Овој викенд е создаден за многу забава и незаборавни мигови, затоа погрижете се да го резервирате своето присуство и да ја започнете зимската сезона со квалитетна музика. Бидете дел од отворањето на најпознатиот клуб во градот – Club Avenue.




Коментари

коментари