Овој зачин го имате во домот, а не знаете дека ја чува бојата на алиштата

Со помош на природни средства зацврстете ја бојата и освежете ја омилената облека.

Со секое перење, облеката станува се побледа. а по извесно време забележуваме дека делува „испрано“. Со помош на природни средства зацврстете ја бојата и вратете ја свежината на омилените парчиња облека.

 
Обидете се така што во прашокот во машината за перење алишта додадете неколку лажички мелен бибер или половина шолја сода бикарбона. Сличен ефект се постигнува и со половина шолја сол во детергентот, а на овој начин ќе го спречите и излегувањето на боја од новата облека. Помага и една шолја бел оцет, која воедно е и природен омекнувач.



Коментари

коментари