Овошна јогурт торта: Сочна и кремаста магија на вкусoви што сите ќе ја обожавате!

Овој рецепт е едноставен, брз за подготовка, а целото семејство ќе го јаде со задоволство

Состојки за бисквит:

  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици масло
  • малку прашок за пециво

 

Состојки за крем:

  • 3 цврсти јогурти
  • 3 шлага (или 1/2 л. слатка павлака)
  • 3 желатина
  • 200 гр. шеќер во прав
  • овошје (по избор)

Подготовка:

  • Испечете бисквит од горенаведените состојки.
  • За кремот во еднен сад изматете шлаг, а во друг измешајте 2 јогурти и 200 гр шеќер, а во трет ставете 1 јогурт и 3 желатина кои ќе ги измешате малку.
  • Ставете го јогуртот и желатинот на шпоретот и мешајте.
  • Веднаш штом ќе зоврие, тргнете го од огин и додадете го шлагот, 2 јогурти, шеќерот и овошјето.
  • Истурете го сето ова во предходно подготвен калап.
  • Ставете ја тортата во ладилник додека не се стегне убаво.



Коментари

[fbcomments]