Категории

Оздраве првиот италијанец на кого му беше даде експерименталниот лек

Пациентот заболен од корона вирус успешно оздрави под влијание на експерименталниот лек “Remdesivir”.

„Ја имаме и првата личност која оздрави поради тоа што беше третирана со експерименталниот лек“ – изјави примариусот на клиниката за инфективни болести во Сан Марино, Џенова, Др. Матео Басети на конференцијата за новинари.

Како што се наведува, лечењето на 79-годишниот пациент започна на 7 март а веќе на две тестирања се покажаа негативни резултати на корона вирусот. Пациентот наскоро ќе може да се врати во Ломбардија, изјави Басети и нагласи дека сите лекари се доста задоволни затоа што се чини дека лекот е успешен.

Басети додаде дека има уште неколку пациенти кои се лечат со истиот лек.

Прегледи:
483
Објавено на:
19.03.2020