Категории

„Паф“ ташна: хит модел на ташна која оваа зима ќе ја носат само најмодерните жени

Хит ташна за оваа зима!

Пред неколку децении јакна со пердуви беше неопходен дел од гардеробата, за време на есенските и зимските сезони, а од пред неколку години, ова првенствено спортско парче, имаме можност да го видиме во комбинација со оние поелегантни форми, како костуми или стајлинг со потпетици, па дури и фустани дизајнирани за празнични прилики. пишува Elle.

Ако сте вешти со популарната “mix and match“ техника за стилизирање, можете да постигнете многу тренди и дефинитивно екстра изглед.

Како и да е, за оваа зима, дизајнерите имаат нешто друго на памет кога станува збор за овој паф-ефект.

Oва лето, беа сандали со „перничест“ горен дел, додека торбите направени на овој начин сега станаа речиси неопходен моден додаток на улиците на метрополата.

Најпознати модели со „паф ефект“ за актуелната сезона објавија модните куќи Maison Margiela и Bottega Veneta, а во чекор ги следат Off-White, Yves Saint Laurent и Cahnel.

 

Прегледи:
379
Објавено на:
05.12.2019