Категории

ПАЈАК СО НОВА ПЕСНА ИЗДАДЕНА ЗА ПОПУЛАРНАТА СРПСКА ПРОДУЦЕНТСКА КУЌА – “IDJ“

Клубската сцена се повеќе добива на популарност, а како најзаслужни за развојот на трап сцената се продуцентската куќа Urban Records. Единствените кои неуморно работеа и издаваа песни за цел период на изолација, а сега на задоволство на сите дојде време и да настапат со тие хитови со милионски прегледи.

И како што ветија од продукцијата дека ќе имаат соработки со наши и надворешни артисти, истите веќе се реализираат. Така пред два месеци се популарниот кај младите Пајак, ја имаше првата соработката со Таско за Психо, а вчера се случи промоцијата на новата песна, во соработка со српскиот трап изведувач -“MIC-MC”- насловена како “ERROR”. За него викаат дека е српскиот Еминем, еден од најпознатите рапери во Србија препознатлив по многу брзото и течно рапување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🕷 Pajak 🕷 (@pajak.ur)

 

Песната е издадена за една од најпопуларните продуцентски куќи на балканот “IDJ“, која за помалку од 24 часа достигна над 100.000 прегледи и веќе се искачува на висока позиција на трендинг листата на јутуб. Таа е во трап стил, музиката и текстот се на Пајак и Мик МС, во продукција на Кобра, а микс и мастеринг на Иван Јованов – Ивајо. Спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски, а се снимаше во студио ДВД Плус Скопје. За стајлингот на Пајак се погрижи “Sportikum”- Sportswear Store. Во продолжение погледнете го новиот видео запис “ERROR”, а фановите на Пајак конечно на 2ри
Јули можат да се дружат со него на настап во Максим-кафе Богданци.

 

Прегледи:
931
Објавено на:
27.06.2021