Палачинки исполнети со чоколадо: Одличен десерт без стоење покрај шпоретот!

Стандарден рецепт и вкус, многу лесно се подготвуваат

Состојки:

  • 200 мл. млеко
  • 10 лажици брашно
  • кора од лимон
  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 100 гр. чоколадо или крем
  • малку сол

Подготовка:

Во млекото додадете ги јајцата и матете со жица, додадете го брашното заедно со прашокот за пециво, кората од лимон, солта и маслото и добро измешајте.

Истурете половина од тестото во калапи за мафини и додадете го чоколадото или лажичка чоколаден крем. Печете на 200 степени околу 40-45 минути.




Коментари

[fbcomments]