Категории

Палачинки со банана и киви (РЕЦЕПТ)

Вкусни палачинки со банана, киви и крем сирење – одличен домашен десерт кој ќе го воодушеви вашето семејство.

Состојки:

  • 6 чоколадни палачинки
  • 2-3 банани
  • 3 киви
  • 300 гр. крем сирење
  • ванилин шеќер

 

За подготовка на овој десерт се препорачуваат палачинки од чоколадо, но и може и вообичаените тенки палачинки кои се подготвуваат со млеко. Доколку сакате да направите палачинки од чоколадо додадете неколку лажици какао во смесата.

 

Како да направите палачинки со банана и киви?

 

Во сад истурете го крем сирењето и измешајте го со ванилиниот шеќер. Убаво соединете ја смесата. Излупете ги и исецкајте ги кивите и бананите на мали парчиња. Ставете ги палачинките и рамномерно распоредете ја смесата со сирењето, а потоа наредете ги парчињата киви и банана и завиткајте ги.

Готовите палачинки ставете ги на чинија и оставете ги во ладилник 30 минути, а потоа исечете ги на мали парчиња и послужете.

Прегледи:
368
Објавено на:
06.02.2020