Категории

Палачинки со боровинки и крем сирење (РЕЦЕПТ)

Палачинки од меко сирење и боровинки се одличен десерт за појадок или дневна ужина.

Како да подготвите вкусни палачинки со крем сирење и здрави боровинки?

 

Состојки:

  • 12 тенки палачинки
  • 250 грама крем сирење
  • 2 лажици павлака
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 лажичка кора од лимон
  • 150 грама боровинки

 

Подготовка:

За подготовка на овој десерт, препорачуваме да користите палачинки што сте ги подготвиле со млеко. Можете да изберете крем сирење по ваш вкус.

Истурете го крем сирењето во сад и изматете го внимателно со киселата павлака. Додадете го ванилиниот шеќер и кората од лимон и соединете ги сите состојки.

Потоа, внимателно додадете ги боровинките и промешајте повторно.

Ставете ги палачинките на рамна површина, напополнете ги со подготвениот фил и завиткајте ги во ролни. Ставете ги во ладилник 30-40 минути пред да ги сервирате.

 

Уживајте во овој вкусен и здрав десерт!