Категории

Палачинки со јаболка: Направете совршен појадок! (РЕЦЕПТ)

Уште еден сладок начин кој истовремено е и здрав појадок се палачинките со јаболка за кои во продолжение ви претставуваме супер брз рецепт.

Состојки:

  • ¾ шолји незасладен сос од јаболка
  • 2 јајца
  • ¼ шолја млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 и пол лажица овесни снегулки
  • 2 лажици прашок за пециво
  • 1 лажица цимет
  • ¼ лажица мелено мускатно оревче
  • ¼ лажица сол

Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мискирајте додека смесате не стане доволно соединета. Ако ви се чини дека тестото е премногу густо, додадете неколку лажици млеко. На тава загрејте го маслото и печете ги палачинките на средно силен оган 2-3 минути додека малку не збувнат и тестото не се наполни со меурчиња. Вртете ги на другата страна се додека не добијат благо румена боја. Од оваа смеса ќе добиете вкупно 6 амерички палачинки.

Прегледи:
443
Објавено на:
31.01.2022