Категории

Паметната жена води сметка за себе, а глупавата само за мажот: Во која категорија спаѓате?

Во текот на вечерата со трчање расплакана дојде кај мене мојата пријателка Тања: „Готово е! Го видов, ме изневерува! Што да правам? Како да се вратам дома?“

„Молам? Кој те изневерува и што се случува?“ ја запрашав збунета.

„Ненад! Го видов како ѝ ја отвора вратата од ресторанот на една жена. Кога влегуваше ја придржа за рака! За малку ќе се онесвестев!“

„И тоа е сѐ што си видела? Дали таа жена беше гола? Дали ги виде како се бакнуваат?“

„Не се шегувај! Ова е сериозно! Почувствував, а жената секогаш знае“, очајно тврдеше таа.

Не сакав да ја разубедувам, бидејќи кога жената нешто ќе намисли, тешко можеш да ја убедиш во спротивното. Подготвив чај и донесов кекси, ги ставив пред неа: „Ајде земи малку и смири се…“
„Ќе се напијам чај ама не можам да се смирам. Тој е стока, како и сите мажи! Ќе се разведам!“
„Тогаш разведи се или не се разведувај! и одговорив јас: „Дали си свесна за што зборуваме? Што се случило? Немаш појма! Ќе отидеш дома и ќе започнеш кавга, ќе му кажеш сѐ и сешто и со недели нема да разговарате. Ќе се јадеш себеси однатре, ќе те боли желудникот, а поради што?“
„Па што да правам? Го видов со таа жена. Таа слика ми е врежана во главата, не можам да ја заборавам!“

„Па тогаш уништи го бракот! Штом дојде на врата, фати го за гуша – па кој преживее, преживее!“ бев груба, не можев да го поднесам нејзиното кукање.

Тања се налути на мене и поради тоа што не и верувам дека мажот ја изневерува бесно си отиде дома. По 15 минути ме повика:

„Кажи ми што би направила на мое место?“

„Прво собери се, среди се убави, направи вечера и чекај да дојде маж ти. Кога ќе влезе на врата, сама ќе сфатиш сѐ.

Запомни: паметната жена води сметка за себе, а глупавата за својот маж!“

„Не го пратев. Случајно поминував покрај тој ресторан и ги видов. Тој нема да ми верува дека не сум ги следела“, почна да се жали.

По неколку часа ми се јави повторно:

„Слушај, ништо не се случи. Подготвив вечера, јадевме, разговаравме за работа, а потоа ми раскажа дека денес бил на ручек со новата комерцијална директорка. Рече дека не очекувал дека ќе биде жена, а особено не толку млада. Му кажав дека ги видов, но дека немав време да им се придружам бидејќи брзав за на работа. Ете, сѐ заврши добро.“

Прегледи:
511
Објавено на:
22.10.2019