Категории

Папагал го разбудил и му го спасил животот на својот сопственик

Еден папагал по име Ерик успеал да му го спаси животот на својот сопственик така што го повикал неговото име кога го детектирал чадот во домот.

Маж од Австралија тврди дека успеал да преживее пожар кој избил во неговиот дом затоа што го разбудил неговиот домашен миленик – папагалот по име Ерик.

Антон Нујен заспал во својата двоспратна куќа во Бризбејн, кога ја зафатил пожар. Тој тврди дека го разбудил неговиот папагал Ерик кога почувствувал чад во домот. После тоа тој го зел папагалот, ја отворил вратата и го прегледал задниот дел од домот кога видел дека таа била зафатена од пламен и веднаш истрчал надвор. Додека пожарникарите пристигнале, пожарот ја зафатил целата куќа.

Пожарот бил изгаснат за еден час а во акцијата учествувале четири пожарникарски екипи.
Антон Нујен живее сам. Тој тврди дека веднаш излетал од домот заедно со својот папагал и ташна и дека никој не бил повреден.
Папагалот го повикал својот сопственик по име пред да се вклучат детекторите за чад.
Причините за пожарот сеуште не се познати.

Прегледи:
109
Категории:
Животни · Секојдневие
Објавено на:
06.12.2020