Категории

Папата Франциск на 7. мај ќе го посети Скопје, а ова се 25 факти за него кои не сте ги знаеле!

Папата Франциск на 7. мај ќе ја посети Македонија, а Скопје веќе се подготвува за овој голем настан кој ќе се случи за помалку од еден месец.

Во првата недела од мај во рамки на турнејата 2019 година Папата ќе ги посети и Романија и Бугарија. При чествувањата на сесловенските проветители Свети Кирил и Методиј, македонските делегации при посетата на Ватикан на празникот 24 Мај, редовно упатуваа пораки до Папата за да ја посети Македонија. Но поради набиената агенда досега тој ја немаше прифатено поканата.

Папата Франциско ќе биде првиот Папа што ја посетил Македонија, а во продолжение прочитајте некои од фактите за него кои досега не сте ги знаеле.

25. Франциск е првиот језуитски Папа, првиот папа од Јужната хемисфера и првиот неевропски Папа уште од сирискиот Папата Григориј III во 741 година.

24. Тој говори повеќе јазици, меѓу кои шпански, латински и италијански течно, а разбира германски, француски, португалски, англиски и украински јазик.

23. Тој го избрал своето папско име поради понизноста и скромноста поврзана со Свети Францис од Асиси и навистина се соживеал со неговата репутација. Додека бил Архиепископ на Буенос Аирес, живеел во едноставен стан и се возел со автобус. Кога бил избран за папа, тој заминал во Рим летајќи во економска класа.

22. Папата има само едно функционално белодробно крило. Дел од десното белодробно тело му е отстрането во младоста поради инфекција, но и покрај тоа е во добра здравствена состојба дури и во зрелата возраст од речиси 78 години.

21. Како чистокрвен Аргентинец, тој е голем обожавател на тангото. Според Католичката новинска агенција, неколку илјади танчери се очекува да настапат за него на плоштадот Свети Петар по повод неговиот 78-ти роденден.

20. Друга “секуларна” работа која Папата Франциск ја сака е фудбалот. Тој е горд поддржувач на фудбалскиот клуб Сан Лоренцо де Алмагро, традиционален фудбалски тим од неговото соседство.

19. Тој го сака Џ.Р.Р. Толкин и ги прочитал неговите дела. Тој особено се израдувал на љубовта на Фродо и Билбо кои ги користел како пример за надежни херои кои се избрани да одат по патот помеѓу доброто и злото.

18. Настрана од својата скромност и понизност, Папата е познат по добрата смисла за хумор. Кога беше избран за Папа, тој наводно им кажал на другите кардинали: „Нека ви прости Бог за сѐ што сте направиле“. Исто така, постои и фотографија од него со црвен нос кои го користат кловновите.

17. Пред да стане језуит, папата Франциск работел во бар во Буенос Аирес, за да собере средства за своите студии.

16. Во 1960. година тој предавал литература, филозофија, психологија и теологија во неколку средни училишта во Аргентина.

15. Делата на папата Франциск ги потсетуваат луѓето на сцени од Библијата. Тој прифатил и благословил човек покриен со тумори (слично на приказната за Исус кој ги исцелувал проклетите) и ги измил нозете на малолетни деликвенти, вклучувајќи и жена муслиманка.

14. Папата студирал филозофија на Католичкиот универзитет во Буенос Аирес, а исто така има и магистерска диплома по хемија од Универзитетот во Буенос Аирес.

13. Папата Франциск е легален државјанин на три различни земји. Освен на Аргентина, каде што е роден и израснат, тој е исто така е државјанин и на Италија (поради правната традиција и неговото италијанско потекло), а бидејќи Ватикан е суверен ентитет со Папата како свој лидер, тој е државјанин на вкупно три земји.

12. На 12-годишна возраст тој се вљубил во една девојка од своето соседство. Тој, наводно, ѝ рекол: „Ако не се оженам за тебе, јас ќе бидам свештеник“. Дури и во овој случај, папата го одржал својот збор.

11. Неговото омилено уметничко дело е сликата „Белото распнување“ на Марк Шагал. Сликата покажува дека Исус бил распнат на крстот, облечен во молитвен шал како симбол дека е Евреин.

10. Од 1998 до 2013 година, тој беше Архиепископот на Буенос Аирес. Во 2001 година, тој е назначен за кардинал од папата Јован Павле Втори.

9. Откако беше избран за Папа во март 2013 година, Франциск реши да не живее во официјалната папска резиденција во Апостолската палата, туку да остане во многу понизната куќа за гости во Ватикан, каде што може да прима посетители и да одржува состаноци. Тој е првиот папа од папата Пиј X кој живее надвор од папската резиденција.

8. Во 2013, Американскиот магазин Тајм го прогласи Папата Франциск за Личност на годината, престижно признание кое се доделува на личноста која има најголемо влијание преку своите дела во текот на годината.

7. Папата доби на подарок Харли-Дејвидсон мотор откако тој им даде благослов на стотици сопственици на Харли на плоштадот Свети Петар. Тој го продаде моторот на аукција за да им помогне на бездомниците.

6. Познат по неговата љубов кон фудбалот, Неговата Светост честопати добива фудбалски дресови. Претседателите, достоинствениците, славните личности, како и други верници, сите му даваат фудбалски дресови (некои од нив се персонализирани), создавајќи импресивна колекција на која многу фанови можат да му завидуваат.

5. Како млад тинејџер, Папата играл кошарка (под влијание на неговиот татко кој играл кошарка за Сан Лоренцо), па тој исто така добива и многу кошаркарски дресови, вклучувајќи и персонализирана маичка од Бостон Селтикс од НБА.

4. Како кардинал со директен пристап до реномираниот готвач на Архиепископијата, Францис решил да ги подготвува сам своите оброци во неговиот мал стан во центарот на Буенос Аирес. Како папа, тој направи изненадувачка посета на кафетеријата во Ватикан за да јаде со локалните работници.

3. Официјалното име на папата не е Францис I, туку само папата Францис. Тоа ќе стане Францис I откако ќе има уште еден папа Францис II.

2. Во 2001 година, како архиепископ во Буенос Аирес, тој ги миеше и бакнуваше нозете на 12 пациенти заразени со СИДА.

1. Папата Францис се изјасни со цврст став против сексуалната злоупотреба во Католичката црква. Френсис го обележа сексуалното малтретирање на децата од страна на свештениците како грдо злосторство велејќи дека тој ќе покаже нулта толеранција за секој во црквата, кој сторил такви злосторства против децата.