Парадата на пингвините откажана поради невообичаено топлото време

Невообичаено топлото време за овој период од годината ги спречи пингвините денес да ја започнат традиционалната парада околу Зоолошката градина и аквариумот во Питсбург.

Секоја година „Парадата на пингвините“ во оваа Зоолошка градина обично почнува во почетокот на декември, но температурите во оваа област во саботата достигнале 10 Целзиусови степени, а денес дури 15, па и официјално е одложен почетокот на парадата за 8. декември.

На сајтот на Зоолошката градина во Питсбург наведено е дека температурите треба да бидат под 7 степени за пингвините да можат да излезат. Тие сами одлучуваат колку долго ќе шетаат на отворено или ќе си играат во снегот во близина на својот дом во текот на парадата, за која велат дека би можела да трае од 10 до 30 минути.

Парадата на пингвините инаку, најчесто се одржува секој викенд од почетокот на декември до крајот на февруари.




Коментари

коментари