Парадоксот на нашето време: Имаме големи куќи, мали семејства, многу дипломи, а малку знаење!

„Парадоксот на нашето време е тоа што имаме сѐ поголеми згради, но пократки живци, пошироки патишта, но потесни видици, трошиме повеќе, а имаме помалку, купуваме повеќе, уживаме помалку.

Имаме големи куќи, а помали семејства, поголема удобност, помалку време, имаме дипломи, но помалку разум, повеќе знаење, а помалу расудување, повеќе стручњаци, а уште повеќе проблеми, поголемо знаење во областа на медицината, а помалку здравје.

Пиеме премногу, пушиме премногу, трошиме непромислено, се смееме премалку, возиме пребргу, лесно се лутиме, спиеме до доцна, стануваме уморни, не читаме доволно, гледаме премногу ТВ.

 

Ретко се молиме.

Ги зголемивме нашите имоти, но си ја намаливме вредноста. Премогу зборуваме, премалку сакаме, пречесто мразиме. Научивме како да преживуваме, но не и како да живееме. Додаваме години во животот, но не и живот во годините.

Сме патувале и на еден месец, но проблем ни е да одиме преку улица и да го запознаеме новот сосед. Загосподаривме со надворешниот простор, но не и со внатрешниот. Направивме големи, но не и подобри нешта.

Го исчистивме воздухот, а ја загадивме душата. Разбивме атом, но не и предрасудите. Пишуваме сѐ повеќе, но учиме помалку. Планираме повеќе, постигнуваме помалку. Научивме да брзаме, но не и да чекаме. Имаме поголеми заработки, но понизок морал. Имаме сѐ повеќе храна, а неблагодарни сме. Градиме појаки компјутери со поголема меморија, разговараме се помалку и пмалку. Тежнееме кон квантитет, завораваме на квалитет.

Ова е време на брзата храна и спорото варење, големи луѓе, а мали карактери, брза заработка и површни односи. Ова е време на мирот во светот, а војна во домовите. Време на разновидна храна и лоша исхрана.

Сѐ помали финансиски проблеми во бракот, а сѐ повеќе разводи, се повеќе луксузни куќи, но и поделени домови, ова се денови на брзи патувања и низок морал, сѐ подебели луѓе и таблети кои можат сѐ – да те расположат, отупават или убијат.

Запомнете:

Проведете што повеќе време со вашите сакани, бидејќи тие нема да бидат тука вечно. Кажете по некој љубезен збор оному кој одоздола ве гледа со стравопочит, бидејќи таа мала личност наскоро ќе порасне и ќе си отиде.

Сетете се да му дадете топла прегратка на оној кој е крај вас, бидејќи тоа е единственото богатство кое може да му го дадете на своето срце, а не чини ништо. Сетете се да му кажете „те сакам“ на вашиот партнер, но најважно од сѐ навистина мислете го тоа. Бакнежот и прегратката можат да излечат рана ако доаѓаат длабоко од срцето. Сетете се да се држите за рака и ценете ги моментите поминати заедно, бидејќи еден ден таа личност нема да биде тука. Најдете време да сакате, најдете време да разговарате и најдете време да ги поделите вашите драгоцени мисли со другите.

Смејте се често, долго и искрено. Смејте се додека не изгубите здив. солзите се случуваат. Издржите, преболите, преживејте. Кажете им на луѓето што ги сакате дека ги сакате, во секоја прилика, бидејќи животот не се мери по воздишките кои ги издишуваме, туку по моментите што ни го одземаат здивот.“

Овој текст го напишал американскиот стенд-ап комичар Џорџ Карлин по смртта на својата сопруга.




Коментари

коментари