Категории

Парис Хилтон се вери по четврти пат и вели дека овој пат е вистинскиот

Парис Хилтон има причина да слави двапати! Освен што наполни 40 години, таа и се вери! Нејзиниот избраник, Картер Реум (40), по една година дружење, реши да ја запроси. За да биде посреќна, тој го стори тоа на нејзиниот роденден и започна двојна прослава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Парис (40) ја сподели среќната вест со своите следбеници на Инстаграм и на нивната среќа и немаше крај. Носеше прекрасен бел фустан, нејзиното момче клекна и сè беше како во филмот. Двајцата беа во бело со широки насмевки и многу среќни и стилизирани. Вереничкиот прстен е од зелен смарагд од познат дизајнер и се вели дека е многу скап. Патем, ова е нејзин четврти брак.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Таа напиша многу емотивна порака покрај фотографиите од свршувачката.

„Кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа, не само што ја знаете, туку и ја чувствувате. Јас и мојата љубов сме заедно уште од првиот состанок, и за мојот роденден тој организираше специјално патување во тропски рај. Додека одевме на вечера покрај плажата, Картер ме однесе кај колиба украсена со цвеќиња и клекна на едно колено. Јас реков „да“, „засекогаш да“. Нема друг со кого би сакала да го поминам остатокот од мојот живот“ – напиша Парис во објава на Инстаграм.

Прегледи:
672
Објавено на:
18.02.2021