Партнерот одеднаш исчезна од врската: Причини поради кои тој заминува без објаснување

Ниедна од овие причини не го оправдува ненадејното заминување на личноста од врската, но може да ви помогне да сфатите дека можеби вие воопшто не сте виновни за тоа.

Во животот се случуваат ситуации кога партнерот на почетокот или на среде флертот едноставно изчезнува. Одеднаш без никакво објаснување, престанува да одговара на повиците и пораките, а тоа умее да биде збунувачко и непријатно.
Тогаш жената на себеси си поставува илјада прашања за тоа што би можела да биде причината која го предизвикала ваквото однесување на мажот, и каде таа погрешила.

Избегнување на судир
Со ова се мисли на директна комуникација која би можела да ја налути или вознемири другата личност. Многумина (ако не и сите), луѓе се склони кон избегнување на конфликт и повеќе би сакале да побегнат од ситуацијата која би можела да доведе до тоа.
Стравот од лутина, како викање, критикување, плачење и избегнување емоционални реакции се многу вообичањени.
Кога некој одненадеж ќе не напушти, тоа не значи дека нешто сте направиле, туку личноста не можела да биде директна кон вас во комуникацијата. Се работи за емоционална зрелост на таа личност а тоа е вештина која се развива со тек на време.

Страв од емоционална интима
Оваа врста на страв од дозволување самите себеси емоционо да се врзат за одредена личност, и прифаќање на фактот дека на таа личност им е грижа за нив.
Личностите кои имаат проблем со овој страв може да бидат во месец, два дури и години во врска, но не дозволуваат таква врста на емоционална поврзаност.
До самиот миг кога некој ќе исчезне од врската се изгледа совршено, а потоа некој клучен миг доведува до тоа таа личност, во страв од емоционална поврзаност, едноставно да исчезне.

Нарцисоидна личност
Нарцисите не се емпатични на емоционална болка која личноста со која се во врска можат да ја преживеат. Недостатокот на емпатија е теменлна особина на нарцисите и веројатно причина за изненадното исчезнување. Ако сте имале доволно време да ја запознаете личноста која ве напуштил без збор, веројатно сте приметиле некои негови особини спрема другите.

Страв од насилна реакција
Најчесто се случува едната личност одеднаш да исчезне поради страв од евентуална агресивна реакција, напад кој би можел да се случи доколку во живо раскине со личноста. Тоа во психолошка смисла е одбрана но и понатаму може да биде кобно за другата личност.




Коментари

коментари