Пат околу светот со велосипед: Тргнале од Берлин, поминале низ Охрид, а сега се во Пекинг, а сето тоа за хумана цел!

„Biking Borders“ се момците од Берлин кои пред речиси 9 месеци тргнаа со велосипеди низ светот со една цел – подигнување на свеста и собирање на донации за изградба на училиште во Гватемала.

Овој месец пристигнаа во Пекинг, Кина, која е нивната крајна дестинација по 15.000км поминати на велосипед, а со тоа ја исполнија и својата цел собирајќи ги потребните пари за изградба на училиште за 1.000 ученици кое е речиси готово.

За време на нивното патување низ 20 земји се снимаше документарен филм за нивното патешествие, културата на народите и природните убавини, а една од тие 20 земји е и Македонија каде што најголем дел од времето се задржаа во Охрид.

Документарецот се очекува да се емитува на светските телевизии кои емитуваат ваков вид на програма како Национална Географија и слични, а тоа значи дека во светскиот медиумиски простор Охрид ќе добие минутажа низ која ќе се промовираат дел од убавините што ги нуди за овој вид на хоби или спорт.




Коментари

[fbcomments]