Категории

Пауза во врската – Дали е добро решение и што донесува со себе?

Сеуште го сакате својот партнер но потребна ви е мала пауза? Не сте единствени. Често се случува личностите кои се во долга врска да дојдат до одреден миг кога им е потребно малку да се насочат кон себеси и своите планови, како и емоционално да одморат од својата половина. Тие не сакаат да ја прекинат врската потполно, туку само да притиснат – пауза.

Во голем број од случаите за ова само сонуваме но не го спроведуваме во дело. Односите во врската се доста сложени. Заљубените личности имаат извесни очекувања,надежи, планови, а паузата некако не се вклопува во сето тоа. Прашањата, дилемите, недоумиците кои се јавуваат во врската бараат време за решавање, долги разговори и компромиси со цел да се разреши ситуацијата. Меѓутоа, макар и моментална одвоеност, дали би била добро решение и што донесува со себе?

Ако и понатаму жонглирате со идеата дали да предложите пауза на другата половина,овие нешта ќе ви помогнат да одлучите околу тоа.
Во случај да се испостави дека тоа е добра идеа, би требало да знаете како да се носите со новата ситуација, што да очекувате од неа и како да ги поставите правилата.

Пред се треба да се запрашате каква корист би имале од паузата во врската?
Ако не сте сигурни кој од вас ја кочи вашата врска и создава проблеми, можеби паузата е баш она што ви треба да го откриете тоа. Можеби раздвоеноста ќе ви укаже на тоа колку се грижите за другата половина, и ќе ви даде појаснување на многу прашања на кои не гледате одговор додека сте заедно. Доколку често влегувате во расправии, чувствувате дека не владеете со ситациајта и не сте потполно свои додека сте со саканата личност, тогаш вистински ви е потребно време поминато одвоено, макар и да ги согледате своите чувства.

Но ако паузата не е раскинување, тогаш што е?
Спрема психолозите ако паузата се сведува на излегување со други луѓе, тогаш тоа не е пауза туку раскинвање. Паузата зад себе има сосема поинаква енергија. Истата се одржува со желба врската да се продолжи, без мешање на трета личност, со решавање на проблемот кој доведол до предложување на пауза. Паузата претставува миг кога поединецот се фокусира на своите чувства, не повредувајќи ги чувствата на својата сакана личност.

Ако не се постави како што треба, паузата во најголем број од случаите доведува до раскинување на врската. Особите за време на паузата сфаќаат дека не се еден за друг, доколку не постои копнеж и се појавува желба за излегување со други луѓе. Затоа се препорачува на пауза да се држите до правилото кое важи и во врската а се однесува на верноста.