Пчелите се прогласени за најважни живи суштества: Дознајте зошто!

Пчелите се прогласени за најважните живи суштества на планетата, а тие се наоѓаат на долгата листа која ја сочинуваат загрозените видови со пад во наталитетот од 90%.

Пестицидите, уништувањето на шумите, како и недостаток на цвеќе придонесоа за нивното изумирање и тоа е навистина загрижувачко. Дури 70% од производството на храна зависи од пчелите, а исто така, целата наша фауна ќе исчезне без нив.

Единствено решение за овој проблем е подигнувањето на свеста на глобално ниво, бидејќи нашето време истекува. Активистите сметаат дека пред сѐ треба да се забранат пестицидите и да се најде друго, поздраво решение. Исто така, неопходен е константен надзор врз нивното здравје и состојба.




Коментари

[fbcomments]