Категории

ПЧЕНКА – ЖИТАРКА БОГАТА СО АНТИОКСИДАНТИ И БРОЈНИ ВИТАМИНИ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Кога бараме храна богата со антиоксиданси, за која се верува дека штити од појава на рак и други заболувања, обично размислуваме за егзотично овошје и редок зеленчук. Но, докажано е дека и житариците, а особено пченката, се богати со антиоксиданси.

Пченката е богата со: диететски влакна, кои го намалуваат холестеролот во крвта, со фолнакиселина, која ги чува крвните садови, со витамин Б1, кој е важен за добрата работа на мозокот.

Суперхрана- пченкарно брашно е незаменливо за  зимските ладни денови, и поради вкусот, ама и поради своите карактеристики – има способност да го чисти црниот дроб, ја спречува анемијата, незаменлив борец е против бронхитис, ги заштитува крвните садови, и над се е многу вкусна основа за здрав оброк.

Пченката е безглутенска житарка која наоѓа голема примена во исхраната, воедно е многу значајна заради нејзиниот нутритивен состав.

Брашното од цело зрно пченка е богат извор на растителни влакна, антиоксиданти, витамини и минерали. Исто така содржи и определена количина на протеини и масти.

Здравствени придобивки од редовната консумација на пчека и интегрално пченкарно брашно

  • Го подобрува и штити здравјето на очите поради моќните антиоксиданти кои ги содржи (заексантин и лутеин)
  • Превенира појава на дивертикулоза.
  • Некои состојки на пченката можат да се најдат во улога на храна за добрите бактерии во нашите црева, со што ја подобруваат дигестијата и го намалуваат ризикот од појава на рак на дебелото црево
  • Помага во регулација на крвниот шеќер. Поради влакната и протеините што ги содржи пченката е добра за регулирање на гликемијата.
  • Пченката е житарка која овозможува добра исхранетост на нашиот организам поради тоа што ја подобрува искористливоста на некои витамини и минерали

Извор: Жито Интеграл

Прегледи:
1457
Објавено на:
09.05.2017