Категории

Пејачот на „Despacito“ ви ги скрши срцата одамна на А1 телевизија

“Деспасито” беше заводник во тинејџерска серија на А1

Светски популарниот хит “Деспасито” ги урива сите рекорди на слушаност не само во Македонија, туку секаде во светот. Одамна не се родил ваков летен хит кој ќе “растура” по плажите и дискотеките ова лето.

Многу од девојките кои се заразија со Деспасито, несомнено се заразија и со секси фраерот кој ја пее песната, Луис Фонси. Луис Фонси е 39 годишен пејач од Пуерто Рико кој кариерата ја започнува во 1998 година, но освен со музика, се занимавал и со актерство.

Можеби некои го знаеле или не го знаеле како пејач пред Деспасито, но Македонките за прв пат имаа можност да го запознаат пред точно 12 години. Всушност, Луис Фонси имал кратко актерско искуство глумејќи во мексиканската тинејџерска серија “Нескротливи срца”, емитувана на А1 телевизија. Се сеќавате на оваа новела? Дијана, Браулио, Кони и ред други средношколци кои се борат против сплетките на негативците за свое место под сонцето.

И токму во оваа дружина го видовме и Луис Фонси во улогата на младиот Роj, кој е вљубен во протагонистката Дијана и кој ќе се здружи со Кони за да ги разделат Дијана и Браулио.

Во продолжение, извадок од серијата :

Извор : tv paket 

Прегледи:
716
Објавено на:
15.05.2017