Неуморниот пешак што минуваше по 33 километри дневно, доби автомобил

  Приказната на Џејмс Робертсон кој секој ден минувал по 33 километри пеш за да стигне на работа и притоа никогаш не задоцнил, стана хит на интернет, а благодарение на луѓето кои одлучија да му помогнат, приказната доби среќен крај.

56-годишниот Робертсон, конечно доби автомобил, благодарение на 19 годишниот студент Еван Лиди кој во кампањата за помош собра повеќе од 100.000 долари.

Локалното претставништво на Ford го повикала Робертсон на тест возење и го изненади со нов автомобил – Ford Taurus, пишува ABC.

„Вистински ми се допаѓа и го обожавам. Би сакал да можеа моите родители да го видат ова – изјави Робертсон за својот нов автомобил.




Коментари

коментари