Категории

Пет момчиња во Сибир пронашле бебе на температура од -20 степени во кутија за јајца

На Божиќ, 7. јануари, пет тинејџери во Сибир, на температура од минус 20 степени, во картонска кутија за јајца пронашле напуштено бебе. Малото бебе кое се верува дека е старо само три дена, пронајдено е на пат кај Новосибирска.

Во разговор за еден руски магазин, таткото на едно од децата изјавил дека петте момчиња излегле да прошетаат на православниот Божиќ.

Бидејќи надвор било мрак, ги запалиле телефоните за да видат што има во кутијата. Внатре било мало девојче со ќебе налик на крпа и шише.

Откако ја однеле во болница, се плашеле дали е сѐ во ред со малото девојче бидејќи температурата надвор била -20 степени. Докторот ја прегледал и нежно и ги триел рацете и нозете за да ги загрее.

На бебето му се вратила бојата и по завршување на потребните испитувања заклучиле дека е здраво. Подоцна е префрлена во детска болница каде што се наоѓа и сега.

Прегледи:
181
Објавено на:
14.01.2022