Категории

Пет најголеми грешки со чевлите и патиките

Скапи и квалитетни или евтини и „половни“ – без оглед на тоа какви чевли имаме, сите сакаме што подолго време да ги носиме.

Секако, во тој случај мораме првилно да се грижиме за нив и одржуваме, а во тој процес секогаш правиме грешки. Чевларите откриваат кои се најголемите грешки кои ги правиме со своите чевли.

Перење патики во машина за алишта

 Не само што со тоа се нарушува квалитетот на патиките, затоа што ни тие не се „отпорни“ на машината, туку се унишува лепакот на ѓонот, по што почнуваат да се кинат.

Носите превртена кожа по дождливо време

Чевлите од превртена кожа никогаш немојте да носите по дожд, затоа што неповратно ќе се оштетат. Чевларите велат дека штетата која настанува откако ќе се натопат е непоправлива во голем број случаи.

Не ги заштувате чевлите

Зависно од материјалот, задолжително треба да се заштитат пред носење. За секој тип чевли постои средство за одржување кое морате да го користите. Тоа не е само „мамка“ на трговецот кој сака само да ве натера да потрошите повеќе пари од планираното, туку предуслов за чевлите долго да траат.

Премногу се носат омилените чевли

Можеби не сакате да ги соблечете од себе, но заради тоа тие брзо ќе се истрошат. Чевларите можат да ја поправат штетата како излижано и одлепен ѓон, но чевлите кои ногата максимално ги разгазила тешко се враќа во првобитната состојба.

Лишување од воздух

Исто како и човечката кожа, чевлите имаат свои пори на кои им е потребен воздух. Затоа немојте да ги затворате во плакар на подолг временски период. Исто така, немојте предолго да ги држите во пластични вреќи и обидете се од време на време да ги проветрите.

Прегледи:
341
Објавено на:
02.09.2016