Категории

Пет причини зошто треба да пиете кафе од Интерфуд секој ден

Кафето е магичен напиток без кој многумина не можат да замислат да го започнат денот. Меѓутоа, најважно е да направите правилен избор кога станува збор за кафе. Интерфуд освен што нудат најголем избор на вкусови на кафе, исто така се лидери во квалитет на пазарот. Ова се петте причини зошто треба да уживате во вашиот омилен напиток овозможен од Интерфуд. Најновите истражувања докажуваат дека кафето има позитивни психофизички дејства на сите оние кои го пијат.

Ја намалува депресијата кај жените

Истражувањата покажуваат дека жените кои редовно пијат кафе имаат за 20 одсто помал ризик од депресија отколку оние кои не пијат кафе. Претходни истражувања покажуваат дека ризикот од самоубиства се намалува со зголемено консумирање на кофеин.

Го намалува ризикот од карцином на простатата кај мажите

Мажите кои пијат шест или повеќе шолји кафе дневно, имаат помал ризик до 60 одсто да заболат од најсмртоносниот облик на карцином на простатата.

Го намалува ризикот од карцином на главата и вратот

Луѓето кои пијат повеќе од четири шолји кафе дневно, имаат за 39 одсто помал ризик за добивање карцином на усната празнина. Редовната консумација на кафето исто така е поврзана со смалениот ризик од тумор на мозокот, цироза, карцином на јетра, како и смалување на холестеролот во крвта.

Штити од Алцхајмерова болест

Истражувањето спроведено на глувци покажало дека кога на единките заболени од Алцхајмерова болест им дале кофеин во количина од пет шолји кафе, нивната меморија значително се подобрила.

Го намалува ризикот од појава на дијабетес

Кафето штити од дијабетес тип 2, иако механизмот сеуште не е најјасен. Преку анализа е утврдено дека личностите кои пијат три до четири шолји кафе дневно, имаат за 25 одсто помал ризик од развивање на оваа болест.

 

 

Прегледи:
502
Објавено на:
07.08.2017