Пет трикови со чија помош ќе станете утринска личност и одморени ќе одите на работа!

За поголемиот дел од луѓето станувањето рано е многу потешко отколку останувањето до доцна навечер. Сите знаеме колку е добро чувството кога ќе ги извршиме сите обврски пред да започне денот, но тоа очигледно не е доволна мотивација кога алармот наутро ќе заѕвони, а вие се чувствувате исцрпено.

Легнете порано

Иако се чини очигледно, за важноста на раното легнување неопходно е редовно да се говори. Ако останете подолго будни, помала е веројатноста дека ќе се разбудите свежи наутро. Во кревет легнувајте барем 7 и пол часови пред алармот. Не само што ќе бидете наспани, туку и ќе се разбудите во правилниот циклус од сонот.

Излезете на сонце

Отворете ги сите прозорци или излезете колку можете порано на светло бидејќи тоа му дава на телото сигнали дека е време за будење.

Мотивирајте се

Ако сакате да станете „утринска личност“ ќе ви биде полесно ако тоа е средство за постигнување на цел, а не цел. Најдобро е за промена на навиките и однесувањето да се фокусирате како на патување за сопствен развој и трансформација.

Испланирајте ги обврските уште рано наутро

Ако имате потешкотии да се мотивирате кога ќе станете, натерајте се преку утринскиот план. Ако направите план однапред за денот кој е пред вас и ги земете в обзир сите околности, постои веројатност дека ќе го започнете денот со позитивен начин на размислување.

Будете се секој ден во исто време

Колку се подоследни вашите навики, толку подобро вашето тело ќе се навикне на нив. Одењето во кревет и будењето секој ден во исто време го регулира биоритамот на телото, што олеснува навечер полесно да заспиете и наутро полесно да се разбудите.




Коментари

коментари