Петгодишното момче Тони со ампутирани нозе собра 1 милион фунти за болница пешачејќи 10 километри на ортопедски помагала

Момчето кое користи ортопедски помагала пропешачи 10 километри и успеа да собере 1 милион фунти за болницата која му го спаси животот кога имаше неколку седмици

Тони Худгел ги изгуби двете нозе после злоставувањето кое го претрпи од своите биолошки родители додека бил бебе.
Тој одлучи да собере донација за болницата која успеа да му го спаси животот така што започна маратон во пешачење.

Тони го заврши своето пешачење во вторникот пред голем број луѓе во својот роден град во југоисточна Англија и го прослави овој успех со родителите кои го присвоија.

„Неверојатно е тоа кога ќе помислите дека Тони пред само неколку седмици едвај можеше да направи само неколку чекори. Тој е толку силно и одлучно дете, ние сме многу горди“, изјави неговата мајка Паула Худгел.

Тони неодамна научи да чекори со помош на помагала но стана инспириран да го заврши предизвикот откако го видел стогодишниот воен ветеран капетанот Тим Мур кој стана славен собирајќи повеќе од 37 милиони долари правеќјли 100 кругови во својот двор.




Коментари

[fbcomments]