Петиција за повторно снимање на последната сезона од серијата „Игри на престолот“ („Game of Thrones“)

Разочараните фанови на популарната серија „Игри на престолот“ („Game of Thornes“) потпишуваат петиција за повторно снимање на осмата, последна сезона од серијата, која моментално се емитува.

Длабоко разочараните обожаватели на мега популарната серија потпишуваат петиција за повторно снимање на осмата сезона.
Петицијата до сега ја потпишале 730 000 луѓе, а за само 24 часа се собрани повеќе од 250 000 потписи.
Последната сезона, за разлика од претходните, не е режирана според книгата на Џорџ Р. Р. Мартин, иако најверојатно расплетот е по неговите насоки.
Наспроти големите очекувања на обожавателите од последната сезона, со секоја емитувана епизода разочарувањето расте. Ни критичарите не се задоволни, иако претходните години често на очигледните пропусти гледаа низ прсти – на последните епизоди не ги штедат своите остри критичарски способности.




Коментари

коментари