Пијанистката Дуња Иванова со музика од Збигњев Прајснер на отворањето на „Winter Apricots“

Третото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“, ќе започне овој четврток во Прилеп, со солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова. Во киното „Мис Стон“ со почеток во 21 часот, ќе прозвучи музиката на извонредниот полски композитор Збигњев Прајснер и неговите дела за филмските остварувања – „Абердин“, „Двојниот живот на Вероника“, „Три бои“, како и 10 едноставни пиеси за пијано.

Филмската програма на фестивалот „Winter Apricots“ се состои исклучиво од кратки филмови. Во официјалната селекција се 10 финалисти, придружната програма е составена од „Денс“ филмови на италијанскиот „Stories We dance“, додека во тематската селекција публиката ќе го изгласа најдобриот краток македонски филм.

Затворањето на фестивалот ќе го одбележи настапот на музичката група „Калевала“




Коментари

коментари